624
Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „спушти гардот“ пред пандемијата на ковид-19, изјави претседателот на Комитетот, Дидие Хусин, наведувајќи дека ситуацијата со пандемијата ковид-19 е далеку од завршена“.
-Беше констатирано дека ситуацијата со пандемијата ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот е сè уште многу активна, смртноста е сè уште висока и вирусот се развива на непредвидлив начин, рече Хусин.
Сепак, сѐ поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања воведени против вирусот.