СЗО: Младите мора да го ограничат одењето на забави

by fokus

Младите луѓе мора да го ограничат одењето на забави/дружења за да помогнат во борбата против нови зголемувања на бројките на заразени со  Ковид-19, соопштија официјалните претставници на Светската здравствена организација (СЗО).

Уморни од ограничување на движењето и со желби да уживаат во летото, младите во северната хемисфера придонесоа за зголемен број на заболени откако се собираат на забави и летни одмори.

Во Женева, каде се наоѓа седиштето на здравствената агенција на ОН, ноќните клубови се затворени од минатата недела, откако се покажа дека се извор на околу половина од случаите.

– Младите мора да преземат одговорност и да се запрашаат мора ли да одат на некоја забава, изјави шефот на службат ана СЗО за итни случаи, Мајк Рајан, татко на три деца.

Податоците на СЗО покажуваат дека има помалку можности кај младите луѓе да развијат тешка респираторна болест од нивните родители или баби и дедовци, но процентот на заразени на возраст меѓу 15 и 24 години се зголеми тројно за пет месеци.

Рајан исто така рече дека младите не сакаат да даваат информации за пријателите со кои се дружеле.

– Тоа е незгодно, но потребно е за да се запре вирусот, рече тој.

Швајцарски весници објавија дека во ноќен клуб во Цирих, каде неодамна биле регистрирани заболени, некои посетители им дале лажни имиња на учесниците на забавата, како на пр. „Пајо Паторот”.

Епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове рече дека младите треба да бидат внимателни затоа што дури и лесна форма на болеста може да има долгорочни последици.

Поврзани новости