580
Светската здравствена организација предупредува од издавање т.н. потврди за имунитет или еден вид здравствени пасоши за луѓето кои оздравеле по инфекција со корона вирус. Присуство на антитела не значи и постоење имунитет, пренесува Дојче Веле.
Некои влади предлагаат веќе инфицираните граѓани со корона-антитела во крвта да добијат еден вид Ковид-пасош, за да можат на пример порано да се вратат на работно место. Но, според СЗО, претпоставката дека антителата во крвта значат имунитет против вирусот уште не е доволно научно фундирана.
„Во моментов не постојат никакви докази дека луѓето кои се опоравиле од Ковид 19 и имаат антитела, се заштитени од втора инфекција“, истакнува СЗО.