964
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите докази укажуваат дека новиот корона вирус го пренеле лилјаци на луѓе во Кина кон крајот на минатата година и не потекнува од лабораторија.
– Сите докази укажуваат дека вирусот потекнува од животни и не бил направен, или манипулиран од научници, рече портпаролката на СЗО, Федела Чаиб, на конференција во Женева.
Се уште не е јасно како вирусот се пренесувал од животни на луѓе.