912
Светската здравствена организација се надева дека кризата со Ковид-19 ќе помине за помалку од две години, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.
Тој рече дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година трал две години.
– Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо, посочи Гебреисус.
Во светот со новиот корона вирус инфицирани се 22.986.700 лица, од кои 799.294 починале, а оздравеле 15.614.808 луѓе.