558
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги негираше медиумските извештаи за тоа дека се пронајдени лекови кои претставуваат пресврт во лекувањето на луѓе заразени со коронавирус.
Кинески телевизии соопштија дека истражувачки тим на Универзитетот Џеѓанг пронашол ефикасен лек за вирусот, додека британски Скај њуз извести дека истражувачите направиле „значаен пробив“ во развој на вакцина.
Сепак, портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ истакна дека засега нема ефикасен лек против 2019-nCoV вирусот.