Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека организацијата изгубила контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал Шифа во Газа, откако израелските сили започнале „целна операција“ внатре во установата.
„Извештаите за воениот упад во болницата Ал Шифа се длабоко загрижувачки“, напиша на социјалните мрежи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Reports of military incursion into Al-Shifa hospital are deeply concerning.
We’ve lost touch again with health personnel at the hospital.
We’re extremely worried for their and their patients’ safety.
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) November 15, 2023
„Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме крајно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на пациентите“, додаде тој.