576
СЗО денеска одржува итен состанок за новиот сој на корона вирусот откриен во Африка, што може да има зголемен број мутации, јави британски „Фајненшл тајмс“.
Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост во врска со новиот сој на коронавирус Б.1.1.529, за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот.
-СЗО потоа одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за „Фајненшл Тајмс“.
Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“.