145
Светската здравствена организација денеска соопшти дека евакуирала речиси 100 луѓе, вклучително и десетици деца, од Газа во Обединетите Арапски Емирати, повикувајќи на обновување на редовните медицински трансфери од енклавата.
Претставникот на СЗО за окупираните палестински територии, Ричард Пајперкорн, објави дека евакуацијата, извршена во средата, е најголемата операција од ваков вид од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, пренесува Ројтерс.
– На Газа и требаат медицински коридори. Ни треба подобро организиран и одржлив систем – рече тој.
Пајперкорн истакна дека околу 1.000 луѓе се уште чекаат на евакуација.