Едно од шест деца на училишна возраст е жртва на онлајн малтретирање, се вели во најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).
Според извештаите, околу 15 отсто од учениците доживеале насилство на интернет, а уделот на жртвите кај момчињата се зголемил од 12 отсто во 2018 година на 15 отсто, додека кај девојчињата се зголемил од 13 на 16 отсто.
Еден од осум ученици на возраст од 11 до 15 години одговорил дека веќе малтретирале некого во дигиталниот простор.
Истражувањето покажа дека се зголемил бројот на момчиња кои изјавиле дека малтретирале некого во дигиталниот простор (од 11 на 14 проценти), а се зголемил и бројот на девојчиња кои малтретирале некого (од седум на девет проценти).
Во извештајот учествувале повеќе од 279.000 испитаници на возраст од 11 до 15 години.