СЗО: Една третина од болниците во Газа не работат

by Fokus

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ја опиша ситуацијата во Газа како „длабоко загрижувачка“.

Тој на социјалните мрежи рече дека 14 од 36 болници во Газа не работат поради недостиг на гориво, како и поради напади и несигурност. Болниците кои успеаја да останат отворени работат со капацитет од 40 отсто, додаде тој.

Во изјавата за новинарите, шефот на СЗО додаде: „На дваесет и три болници им е наредено да се евакуираат во градот Газа и северниот дел на Газа, а присилната евакуација под овие околности би ги ставила животите на стотици пациенти во опасна по живот ситуација“.

Поврзани новости