СЗО: Досега регистрирани над 400 милиони случаи на Ковид-19 во светот

by Fokus

Бројот на случаи на Ковид-19 ширум светот се зголеми на повеќе од 400 милиони од почетокот на пандемијата, покажуваат најновите податоци на здравствените власти.

Универзитетот Џон Хопкинс ја забележа последната негативна пресвртница во своите податоци, откако пред еден месец бројот на заразени беше 300 милиони.

Официјалните податоци покажуваат дека бројот на умрени во светот изнесува 5,8 милиони. Но, експертите веруваат дека вистинскиот број на случаи е поголем бидејќи не се пријавени многу случаи на инфекција и смрт.

Има и мала разлика во достапните податоци. Податоците на Универзитетот Џон Хопкинс се само малку повисоки од официјалните бројки на Светската здравствена организација (СЗО), која неодамна забележа околу 397 милиони инфекции ширум светот.

Во меѓувреме, ширум светот се администрирани околу 10 милијарди вакцини против Ковид-19, наведува СЗО.

САД имаат најголем број потврдени инфекции, со 77 милиони заразени на околу 330 милиони население.

Околу 42 милиони случаи на инфекција се пријавени во Индија, со население од 1,3 милијарди жители, додека Бразил има речиси 27 милиони случаи на 210 милиони жители.

Поврзани новости