СЗО: Бремените жени може да се вакцинираат против Ковид-19

by Fokus

Светската здравствена организација ги смени препораките за вакцинација против Ковид-19 и со новите правила, експертите велат дека бремените жени исто така можат да се имунизираат, се додека не се од групи со висок ризик.

Промената се случи непосредно по негативните коментари за СЗО, дека „не препорачуваат вакцинација на бремени жени“ со вакцините на Фајзер и Модерна.

Експертите изразија широко незадоволство од првичната позиција на организацијата.

Бремените жени традиционално се исклучуваат од какви било клинички испитувања, и вакцини и лекови. Сепак, тие се вакцинираат слободно од 60-тите години на минатиот век. За нив се собираат податоци од нови лекови и вакцини по нивното пуштање во масовна употреба.

Фајзер соопшти дека ќе спроведе дополнително клиничко испитување на својата вакцина врз бремени жени. Модерна има намера да направи регистар на имунизирани идни мајки во кој ќе следи евентуални несакани ефекти.

Поврзани новости