Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека само повеќе копнени премини во Газа можат да помогнат да се спречи гладувањето во густо населената палестинска енклава. Децата умираат како резултат на неухранетост и болести, како и поради недостаток на чиста вода и канализација, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус.
„Иднината на цела генерација е во сериозна опасност“, рече тој. Петмесечната војна создаде критичен недостиг на храна меѓу 2,3 милиони Палестинци во Газа, што во некои области сега го надминува нивото на глад, според Обединетите нации.
„Уште еднаш бараме од Израел да отвори повеќе премини и да го забрза влезот и испораката на вода, храна, медицински залихи и друга хуманитарна помош во Газа“, рече Тедрос.
Агенциите за помош на ОН соопштија дека „огромните пречки“ за пренесување на помошта во северна Газа ќе бидат надминати само со прекин на огнот и отворање на граничните премини што Израел ги затвори откако Хамас го започна својот напад на 7 октомври.