608
СЗО бара итна истрага за смртоносниот синдром кај децата поврзан со Ковид-19. Претставниците на СЗО ги повикаа лекарите ширум светот да соработуваат со националните власти и Светската здравствена организација.
Ваквата препорака од СЗО доаѓа откако во САД и во Европа периодов се забележани стотина случаи на редок синдром,поврзан со Кавасаки болеста, меѓу кои и неколку со смртни последици.
-Изминатите недели извештаите од Европа и од Северна Америка опишуваат мал број на деца , кои биле на интезивна нега, каде се појавува воспалителен процес , со истовремени симптоми на Кавасаки болеста и синдром на токсичен шок . Овој синдром можеби е поврзан со Ковид 19, вели директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.