Началник на СВР Велес од денеска официјално е Бране Паласков. Тој на оваа позиција е назначен со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој ја вршеше функцијата началник на СВР Велес, и за време на техничката влада пред последните избори. Паласков ќе раководи со целото подрачје на СВР Велес.
Тука спаѓаат општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Чашка.
Паласков е дипломиран економист, и во својата 10-годишна кариера како полициски службеник има работено како помлад инспектор во отсек за општ криминал во СВР Велес, Виш инспектор во отсек на општ криминал во СВР Велес, Виш инспектор во надворешна канцеларија за криминaлистички работи во Свети Николе, како и Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес.
Новиот началник на СВР Велес, е оженет и татко на три малолетни деца.
Вики Клинчарова