СВР Тетово: Се испитува тепачката меѓу полицајци и цивилно лице

by fokus

Тетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидент за кој има видеоснимка на социјалните мрежи, на која се гледа физичка пресметка помеѓу полицајци и цивилно лице. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.

-Ќе бидат преземени сите соодветни мерки и активности за  целосно расчистување на случајот. Притоа, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка, информираат од СВР Тетово.

Оттаму посочуваат дека и Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки за пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.

Поврзани новости