2
На 15.11.2024, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.