259
Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело „полов напад и силување “ предвидено и казниво по член 186 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ против С.Г. (31) од Скопје затоа што на 05.09.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 – годишна жена од Скопје.
С.Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.