Свлечиште предизвикано од обилни врнежи на Филипините затрупа два автобуса, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија денеска официјални лица.
Свлечиштето било предизвикано во вторникот вечерта пред рудникот за злато во градот Мако, во јужната провинција Давао де Оро, каде автобуси ги земале вработените во рударската компанија „Апекс мининг“, се вели во соопштението.
Официјалните лица веднаш немаа информации за бројот на патници во автобусите, а повредените, од кои еден е во критична состојба, се пренесени во болница.
Агенцијата за катастрофи, исто така, издаде наредба за евакуација на пет села во близина на Мако, на островот Минданао.
Североисточниот монсун што ги зафати Филипините донесе дождови во јужниот регион Минданао од 28 јануари до 2 февруари, предизвикувајќи смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.