167
Општина Тетово ги известува граѓаните да бидат дополнително внимателни при движење по патот кон Бањиче, каде како последица на врнежите од дожд се појави свлечиште.
Надлежните екипи се веќе на терен и активно работат на расчистување на патниот правец со цел нормализирање на сообраќајот во најкус можен рок.
Од Општината апелираат до граѓаните да ја прилагодат брзината на движење и да ги почитуваат препораките на надлежните служби сѐ додека трае интервенцијата.