15 годишно дете истепано во училиште од други ученици во Виница

by irena 16:47
16:47

50-годишниот В.Н. од селото Виничка Кршла, вчера во 13:45 часот, во ОВР Виница пријавил дека во средно училиште во Виница, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку други ученици во училиштето.

Како што пријавил, во истото биле спречени од наставник.

МВР извршило увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Слични вести