456
Свлечишта и поплави донесоа камења и кал на патиштата низ Калифорнија по обилните дождови и бури.
Метеоролозите најавуваат дека во наредните денови се очекуваат серија бури кои потенцијално ќе предизвикаат поплави во голем дел од оваа американска држава.
Предупредувањето за зимско невреме е во сила од неделата, а покрај поројни дождови можно е на некои повисоки места да наврнат и 1,5 метар снег, соопшти Националната метеоролошка служба.
Во поголемиот дел од северна Калифорнија за време на новогодишната ноќ во сила ќе биде „стража поради поплави“.
Локалните власти предупредија дека реките и потоците може да се излеат и ги повикаа жителите да подготват вреќи со песок.