Светското првенство во Катар во 2022 година ќе биде единствено и по многу нешта различно од претходните натпреварувања и ќе се одржи во најмалата земја домаќин досега. Како и да е, „фудбалската магија“ на Катар ќе ги надмине сите претходни Светски првенства и ви пренесуваме 10 клучни бројки пред почетокот на смотрата на најдобрите.
Организацијата на Светското првенство во Катар ќе чини, според извештајот на Front Office Sport, неверојатни 220 милијарди евра, што е пет пати повеќе од последните седум турнири заедно. Вкупните трошоци го урнаа рекордот што претходно го држеше Бразил, каде организацијата на Мундијалот чинеше 15 милијарди евра.
Тие изградија шест целосно нови стадиони, од кои секој има ултра модерен климатизиран систем за заштита на навивачите и играчите од жештината, а само изградбата на стадионот Ал Бајт (капацитет од 60.000) чинеше три милијарди евра, три пати повеќе од стадионот „Стад де Франс“ во Париз, кој е изграден за потребите на СП во 1998 година.
Освен стадиони, Катар реализираше и големи други инфраструктурни проекти, изградба на аеродром, три подземни железници и сосема нов град – Лусаи, кој има хотели, терени за голф и луксузна марина, а овие трошоци се исклучени од проценката на вкупните трошоците за турнирот.
Сите стадиони се наоѓаат во радиус од 55 километри од главниот град Доха, а тоа беше клучниот аргумент што го презентираше катарската влада во обидот да биде домаќин на првенството, наведувајќи дека сите објекти се лесно достапни.
Именуван по бројот на рециклирани бродски контејнери користени во неговата изградба, Стадионот 974, со капацитет од 40.000 седишта, ќе биде демонтиран по Светското првенство и повторно ќе се состави за да биде домаќин на спортски настани на друго место, иако следната дестинација сè уште не е позната.