Светските медиуми за протестите во Србија: Десетици илјади против популистичкото раководство

by fokus

Светските агенции Франс прес и АП пишуваат за вчерашниот протест во Белград на којшто десетици илјади луѓе се собрале на протест против популистичкото раководство и насилството во медиумите барајќи оставка од највисоките функционери во земјата.

Десетици илјади луѓе прошетаа низ српската престолнина и го блокираа клучниот мост на вториот голем протест по двете масовни убиства во кои загинаа 17 лица, повеќето деца, пишува АП за вчерашниот протест под наслов „Десетици илјади маршираа против српскиот популистичко раководство по масовните убиства“.

АП наведува дека на чело на колоната имало црн транспарент на кој пишувало „Србија против насилството“ и додава дека демонстрантите, минувајќи покрај владините згради, извикувале слогани против „популистичкиот претседател Александар Вучиќ, кого го обвинуваат за создавање атмосфера на безнадежност и поделеноста во државата, за како што велат директно доведе до масовни убиства“, што се случија на 3 и 4 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац.

Агенцијата цитира и дел од граѓаните кои биле на протестот, кои рекле дека биле таму за да изразат „одреден тип на бунт против сето она што не опкружува во моментов, но пред се против насилството што се случи во последните денови, а тоа минатите години постојано не опкружуваше“.

АП додава и дека провладините медиуми ја критикувале блокадата на мостот Газела, цитирајќи го пишувањето на Новости, кое на протестот објави дека „малтретирањето започнало, хулиганите го блокирале мостот“.

Агенцијата пишува и дека полицијата не интервенирала.

Во текстот „Демонстрантите го блокираа патот во српската престолнина по масовните убиства“, Франс прес објави за вечерашниот протест, наведувајќи дека десетици илјади демонстранти го блокирале главниот пат во Белград, барајќи оставка од највисоките функционери и сузбивање на насилството во медиумите, по две масовни убиства.

„Тоа беше втор протест „Србија против насилството“ кој привлече илјадници луѓе на улица“, пишува агенцијата, додавајќи дека демонстрантите, меѓу другото, сакаат владата да ги повлече дозволите за емитување на телевизиите кои промовираат насилство и забрануваат про владини медиуми кои ги разгоруваат тензиите таргетирајќи ги политичките неистомисленици.

АФП потсетува дека српскиот претседател Александар Вучиќ закажа посебен митинг на своите приврзаници на крајот на месецот, кој го означи како „најголем собир во српската историја“.

Агенцијата наведува и дека Вучиќ ветил дека ќе ја „разоружа“ Србија. Франс прес, повикувајќи се на истражувачката група Small Arms Survey, пишува дека Србија има една од највисоките стапки на бројот на оружје во Европа, со груба проценка дека 39 од 100 луѓе поседуваат оружје.

Протестот „Србија против насилството“ започна нешто пред 18 часот пред Собранието на Србија, а голем број луѓе набрзо, како што беше претходно планирано, се упатија по улицата Кнез Милош кон Газела и автопатот кој го блокираа два часа. Опозициските политичари на протестот порачаа дека нема да се откажат од своите барања, меѓу кои и смена на членовите на Советот на РЕМ и министерката за полиција Братислава Гашиќ.

Пратеникот од ДС Срѓан Миливојевиќ ги покани сите собрани на нов протест во петок, на 19 мај пред Собранието на Србија, каде на барање на опозицијата треба да се одржи седница на која ќе се расправа за барањата на опозицијата.

Поврзани новости