404
Живанши ја основал својата модна куќа во 1952 година, и активно дизајнираше се до 1995 година. Модниот гигант дизјанираше за многу познати холивудски ѕвезди, а црниот фустан на Одри Хепберн во култниот филм ,,Појадок кај Тифани’’ стана негов заштитен знак.
Францускиот аристократски моден дизјанер Коунт Хуберт Џејмс Марсел Тафин Д Живанши, познат во светот едноставно како Живанши, починал во сон на 91 годишна возраст во неговата резиденција во близина на Париз.
Неговиот партнер, дизјанерот Филипе Венет кој живеел заедно со него, за светските медиуми изјавил дека Живанши починал мирно, во сон, во саботата.
Живанши ја основал својата модна куќа во 1952 година, и активно дизајнираше се до 1995 година. Модниот гигант дизјанираше за многу познати холивудски ѕвезди, а црниот фустан на Одри Хепберн во култниот филм ,,Појадок кај Тифани’’ стана негов заштитен знак.
Минатата година, на отворањето на Музејот на чипка и мода во Калас, тој изјави дека е среќен, бидејќи се занимавал со работата за која сонувал уште како дете. Познатите модните критичари за неговата работа коментираа – Хируршки прецизно, ни премногу, ни премалку.
В.К.