517
Светската банка издвоила 12 милијарди долари за пaкетот итна помош на земјите погодени од коронавирусот за да ги ублажат економските последици од епидемијата.
Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, изјави дека се уште има „многу непознаници“ за прашањето на ширењето на вирусот и дека можеби ќе требаат „многу повеќе пари“, пренесуваат британските медиуми.
Тој ги повика државите да ги координираат акциите на регионално и на меѓународно ниво и додаде дека брзината и обемот на помошта се од клучно значење за спасување на животите.