Светска банка препорачува зголемување на границата на пензионирање и на стапката на ДДВ

by Фокус

Зголемување на стапката на ДДВ од сегашните 18 на 19 отсто и отсранување на повластената стапка за сите стоки, освен за основните производи, предлага Светската банка во новиот извештај „Преглед на јавни финансии на Северна Македонија: Обеезбедување стабилност и зајакнување на отпорноста“. Светската банка оценува и дека во државата има пензиски дефицит и без реформа, тој уште повеќе би се зголемил.

Во извештајот се вели дека во однос на одржливоста на пензискиот систем, целта на повеќестолбна реформа на овој систем воведена во 2005 година била подобрување на среднорочната и долгорочната фискална одржливост со одржување на паритетот на правата низ генерации, но дека оваа цел е довеедена во ризик поради подоцнежните ад-хок промени на политиките.

„За справување со овие предизвици се предлагаат повеќе политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на општество што се повеќе старее. Тие опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите или т.н. Швајцарски модел и враќање на претходното индексирање согласност индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначувањее на возраста на пензионерање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот“, стои во извештајот на Светска банка.

Комбиниран пакет што ќе ги интегрира сите три политики, според извештајот, би можел да донесе поизбалансирани исходи и да го спречи понатамошното зголемување на пензиските расходи и дефицити.

Пред почетокот на денешната презентација на Извештајот на Светската банка, преетседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев посочи дека е клучно оти постои свесност дека недостасуваат средства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во Фондот за инвалидско и пензиско осигурување.

Поврзани новости