Светска банка: Потребни се повеќе од 50 милијарди долари за обнова на Газа

by Fokus

Според проценката објавена од Обединетите нации, Европската унија и Светската банка, ќе бидат потребни повеќе од 50 милијарди долари (47,8 милијарди евра) за обнова на Газа, која во голема мера беше уништена во 15-месечниот конфликт меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Според Привремената брза проценка на штети и потреби (IRDNA), потребни се 53,2 милијарди долари за обновување и обнова на Газа во следните десет години, а 20 милијарди долари ќе треба да се обезбедат во првите три години, објави Ројтерс.

Годините на работа за обнова на Газа ќе вклучуваат расчистување на неексплодирани убојни средства и милиони тони урнатини.

Поврзани новости