575
Светската банка вчера соопшти дека подготвува пакет помош од три милијарди американски долари за воено разурната Украина, кој ќе вклучи најмалку 350 милиони американски долари непосредни средства, објавија западните медиуми.
– Првата транша од помошта „ќе биде поднесена до Одборот за одобрување оваа недела, по што ќе следуваат 200 милиони американски долари за брза поддршка на здравството и образованието, изјави претседателот на Светска банка Дејвид Малпас во заедничка изјава со директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во изминатите денови ветија дека ќе обезбедат дополнителна поддршка за Украина и брзо започнаа со реализирање на ветувањето.