Светска банка ни одобрила заем од 21,5 милиони евра за подобрување на основното образование

by fokus

Светска банка одобри нов проект, во вредност од 21,5 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка за учениците во основното образование во државава, вклучувајќи ги Ромите, девојчињата и другите маргинализирани групи, преку воведување на подобри услови за учење и преку подобри училишта. Со проектот ќе се поддржи и спроведување современ систем за професионален развој и напредување во кариерата на наставниците, директорите и мултидисциплинарните тимови за професионална поддршка во основното образование.

Заемот од СБ во износ од 21,5 милиони евра е со рок на отплата од 11 години, вклучувајќи и грејс период од 3 години и време на спроведување од пет години. Проектот ќе биде спроведен од страна на Министерството за образование и наука, информираа денеска од Канцеларијата на СБ.

Директни корисници на проектот се учениците од основното образование, но поддршката ќе биде фокусирана на учениците од ранливите групи, вклучувајќи ги Ромите, девојчињата и учениците погодени од затворањето на училиштата како резултат на пандемијата со КОВИД-19. Учениците ќе имаат корист од подоброто опкружување за учење, подоброто физичко опкружување во нивните училишта и од подобро обучените наставници. Компетентните, мотивираните и добро поддржаните професионалци, укажуваат од СБ, се критични за справувањето со итните прашања на подобрувањето на исходите на учењето во основните училишта во Северна Македонија.

Поврзани новости