Одговорот на предизвиците на светот кој се распаѓа лежи во зајакнувањето на соработката меѓу Унгарците, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот на Постојаната конференција на Унгарија во Будимпешта.
„Нашиот одговор на ова распаѓање е единството.Во следните години, суштината на стратегијата на Унгарија за унгарските заедници во странство треба да биде зајакнување на соработката меѓу Унгарците „додека светот околу нас се распаѓа“, рече тој, додавајќи дека Европската унија исто така е во процес на „распаѓање“ и дека „не успева да ги спроведува сопствените одлуки“ рече тој.
Орбан рече дека оваа година Унгарија можеше да одржува програми и институции создадени за поддршка на Унгарците во странство, но нема капацитет да ги прошири. Тој изјави дека се очекува земјата да почне да бележи раст во 2024 година и дека ресурсите за проширување повторно ќе бидат при рака.
„Најновото зголемување на минималната плата покажува дека „унгарската економија се враќа во живот и успеавме да ја извлечеме од рецесија“, рече Орбан.
Ова, додаде унгарскиот премиер, ќе даде можност за заживување на развојните шеми за Унгарците надвор од границите на земјата. Во врска со миграцијата, Орбан рече дека единствено Унгарците одлучуваат кој може, а кој не може да престојува во Унгарија и под кои услови.
Тој рече дека додека западноевропските лидери мислат дека муслиманските имигранти може да се секуларизираат на ист начин како што се секуларизираат традиционалните европски христијански заедници, муслиманите не сакаат да бидат секуларизирани и да се чувствуваат како дома со различна животна филозофија, „која ја гледаат како супериорна од секуларниот европски живот“.
Така што шансите за вистинска интеграција се „исклучително мали“, посочи Орбан.
Унгарскиот премиер истакна дека очекува „големи конфликти“ околу миграцијата во следните шест месеци.