Светот се простува со Кралицата Елизабета

by fokus

Обединетото Кралство, како и светот, жали за смртта на кралицата Елизабета Втора, британскиот монарх со најдолг стаж во историјата. По смртта на Кралицата автоматски престолот го презеде нејзиниот син Принцот Чарлс.

Низ земјата официјално започна состојба на жалост, која ќе трае до погребот на кралицата. Кралицата Елизабета почина вчера на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска, соопшти Бакингемската палата.

Петтиот ден, ковчегот ќе пристигне во Лондон, во Бакингемската палата, каде Елизабета Втора го помина речиси целиот свој работен век. После тоа, тој ќе биде префрлен во Вестминстерската опатија, каде граѓаните ќе можат да се простат од саканиот монарх во следните пет дена. Погребот ќе биде државен.

Богослужбата во Опатија ќе заврши со двоминутно молчење низ целата земја. Кога Лондон ќе се збогува со Кралицата Елизабета Втора, ковчегот ќе биде префрлен во замокот Виндзор, а вечниот дом на кралицата Елизабета ќе биде капелата Свети Џорџ во комплексот на палатата, каде што се погребани и нејзиниот сопруг Филип, таткото и мајката.

По смртта на Кралицата Елизабета II, Ајфеловата кула во Париз стана црна.

Во Њујорк, Емпајер Стејт Билдинг беш осветлен со виолетови и сребрени светла за монархот.

Поврзани новости