Светот е во опасност, разбудете се, порача Руслана од Украина

by fokus

Украинската пејачка Руслана Лижичко (48), која победи на Евровизија 2004 година во Истанбул, Турција, и се обрати на светската јавност со видео порака по повод рускиот напад врз нејзината земја.
По победата на Евровизија, таа стана еден вид на културен амбасадор на Украина, но и гласен поддржувач на демократските процеси во Украина.
Во видеото кое го објави пред неколку часа, бара од светската јавност да се разбуди и да ја запре војната.

-Луѓе, не се плашете, запрете го стравот, запрете ја војната, запрете го Путин! Ова е цивилна војна, војната на Путин е диктатура! Ова е глобален предизвик за светот. Има ли разлика помеѓу Путин и тероризам?- прашува таа.

Додава дека доколку политичарите се плашат од Путин, тоа значи дека се зависни од него.

-Сите слободни луѓе не се плашат од Путин! Излезете на масовни мирни протести ширум светот. За заштита на цивилизацијата, за заштита на светот. Денес Украина испраќа СОС, за да се крене светот и да се разбудат луѓето, бидејќи светот е во опасност – порача Руслана.

Таа и вчера јавно се огласи по повод руската инвазија. Им се обрати на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот НАТО секретар Јенс Столтенберг со зборовите јасно да дефинираат дека се работи за цивилна војна против светот и мирот.
-Можете ли да не слушнете? Делувајте, ве молиме за помош! –апелираше пејачката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости