Специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија за хуманитарни односи – актерот Стивен Сигал, истакна дека Западот ја започна и финансира војната во која сега се вклучени сите и ги повика сите земји и народи да се обединат против злото на Западниот свет и да се бориме за вистината и правдата.
Сигал посочи дека тоа е војна на доброто и злото и дека сите региони, земји и народи мора да се обединат наместо да се предадат на контролата и измамата на лажливите медиуми.
Тој нагласи дека светот е опасно блиску до Трета светска војна и го повтори својот повик до сите да се обединат во борбата за вистината и правдата, пренесуваат руските медиуми.
– Се соочуваме со ова чудовиште кое преку лаги, дезинформации и манипулации се обидува да го проголта, освои и преземе контролата над целиот свет – додаде Сигал.