Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска оцени дека светот е „болен“ и веројатно е на прагот на нова светска војна, но дека може да се избегне.
„Светот е болен. И сосема е веројатно дека е на прагот на нова светска војна. Дали е тоа неизбежно? Не, не е“, рече Медведев за време на разговорот со учесниците на едукативниот маратон „Знаење“, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека светската војна може да се избегне, но дека нема да прави прогнози, бидејќи, како што оцени, тие се „неблагодарна работа“.
Медведев рече дека потенцијалните противници не треба да ја потценуваат Русија кога станува збор за употребата на нуклеарно оружје, потсетувајќи дека, според основите на државната политика на полето на нуклеарното одвраќање, нуклеарното оружје може да се користи во случај кога агресијата врз Русија се врши со употреба на други видови оружје кои го загрозуваат самото постоење на државата.
„Затоа се сите тие приказни дека Русите никогаш нема да го направат тоа или обратно. Русите постојано не плашат со употреба на нуклеарно оружје“, рече Медведев.
Тој додаде дека, „ако имате некакво оружје во вашите раце, треба да бидете подготвени во одредена ситуација дека раката нема да ви трепери да го употребите“.