7
Трофејниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска репрезентација до крајот на Европското првенство во 2025 година.
Како што пренесува „Меридијан спорт“, новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ се сретнал со Пешиќ и „начелно договорил соработка до крајот на Европското првенство во 2025 година“.
Човиќ имаше „два одлични кандидати“ во случај да не се постигне договор со селекторот кој летово го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.
Пешиќ во септември изјави дека договорот му истекол и дека повеќе нема да биде тренер и дека раководството на КСС треба да бара нов тренер.