Манифестацијата ,,Недела на традицијата Свети Трифун 2022” во Демир Капија ќе се одржи со скратена програма во чиј склоп се предвидени натпреварите за најдобро домашно вино и ракија и натпреварот за закројување.
Закројувањето на виновата лоза ќе се направи на 14-ти февруари во 12 часот во дворот на Музеј Демир Капија од страна на градоначалникот Лазар Петров и свештено лице.
-Во услови на светска пандемија од програмските активности по повод манифестацијата ќе се одржат само овие, затоа што при нивна реализација може најдобро да се применуваат протоколите и мерките за заштита и спречување на вирусот, како и да се овозможи најголема безбедност на учесниците во натпреварите.
Целта на одржувањето на овие програмски активности е продолжување на традицијата за одбележување на празникот и поттикнување на развојот на лозарството и винарството – информираат од општината.
В.К.