Полицијата во САД уапси двајца мажи за обид за убиство. Еден од нив е свештеникот од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка.
Пасиљас, наводно, им платил на убијците речиси 40.000 долари и им дал информации каде да ја најдат жртвата.
55-годишниот Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж го следеле младиот човек со недели, а потоа на 21 октомври го застрелале повеќепати додека бил во возило.
Младиот човек, кој не е именуван, успеал да остане свесен откако се повредил и сам се превезол во болница. Тој го преживеа нападот и сега се опоравува од повредите.
Пасиљас е свештеник на мала црква во која се одржуваат миси на шпански. Тој беше уапсен минатата недела под сомнение за поттикнување убиство, заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, пишува Лос Анџелес Тајмс.
Себрерос беше уапсен поради заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Полицијата се уште не уапсила трето лице поврзано со случајот.
Засега не се знае точно колку лица учествувале во планирањето на убиството. Полициската истрага продолжува.