Свештеник искористувал деца да му го влечат „поршето“ низ улица

by fokus

Малтешкиот свештеник Џон Султан предизвика контроверзии и гнев кај своите сонародници, кога тој на улица во градот Зебуг, стоејќи во „порше“ со отворен кров ги отпоздравувал луѓето, а група деца го влечеа возилото.

Според него, „тоа не е ништо страшно“, и негативните коментари од некои луѓе „се неумесни“.

Меѓу оние кои реагираа на ваквото искористување на децата, е и малтешката претставничка во Европскиот парламент, Марлен Мици.

– Невкусно и грубо фалбаџиство. Одвратно! Па, што му е нему!?, прашува ревносно таа.

Од Малтешката црква сѐ уште немаат официјален став.

Поврзани новости