65
МВР информира дека синоќа околу 21.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 74-годишниот Е.З. од тетовско село, кој дваесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 36-годишна снаа дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет, извести СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.