Сведоците во СЈО испрашувани во темница, снемало струја

by fokus

Денеска попладне во Специјалното јавно обвинителство немало струја, па сведоците биле испрашувани во темница, дознава НОВАТВ. Прекинот бил краток, но и единствен на таа локација. На пример, продавницата за здрава храна којашто е дел од истага зграда на Специјалното јавно обвинителство имала струја. ЕВН одговорило дека проблематичен бил напонот поради големата потрошувачка, но немало објаснување зошто струјата немал само дел од објектот.

Собата за сведоци и изолирана и без прозори. А денеска во обвинителството се испрашувале последните сведоци, некои од нив и клучни за обвиненијата кои се поднесуваат до крајот на неделата во Судот.

Поврзани новости