Мајка од Израел за Си-Ен-Ен раскажала како вчера милитанти на Хамас упаднале во нејзиниот дом и ги киднапирале нејзините деца, токму додека таа разговарала со нив на телефон. Од безбедносни причини не се соопштува идентитетот на мајката и децата.
Таа рекла дека нејзините деца, на возраст од 12 и 16 години, биле сами дома.
„Околу 8:30 часот слушнаа како ја кршат вратата. Рекоа дека некој ја крши вратата. Беа исплашени до смрт. Не можам ни да замислам како се чувствуваат. И не можев да им помогнам”, рекла таа.
Потоа им рекла да молчат, да останат во безбедната соба и да ја заклучат вратата.
„Околу петнаесет до девет слушнав по телефон дека некој ја крши вратата. Терористите почнаа да им кажуваат нешто на моите деца на арапски. И тогаш линијата згасна. Тоа беше последен пат кога се слушнав со нив. Тоа беше многу, многу тежок ден“, рече таа.