Сведокот Гоце Трајковски, кој треба да сведочи на следното рочиште за убиството на Вања и Панче, закажано за 16-ти декември, е недостапен за Обвинителатвото. Трајковски веќе еднаш не се појави во судница, а неговата мајка Кираца Трајковска, исто така сведок за случајот, го оправда дека имал паничен напад и висок крвен притисок.
„Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостапен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор. Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, информираше денеска обвинителот Гаврил Бубевски.
Инаку Трајковски е поврзан со фамилијата на таткото на Вања, Александар Трајковски, односно биле старо кумство. Сепак, иако се немале видено со години, тој прв доаѓа во станот на исчезнатото девојче и се нуди за помош во потрагата.
Неговото сведочење е важно, бидејќи тој доаѓа до клучни снимки од видео камери уште пред тие да стигнат во рацете на полицијата и прави поврзување на двата случаи, исчезнувањето на Панче со Вања, и на двете возила, онаа на исчезнатиот велешанец со ,,реното кангу” на партијата Десна.
В.В.