Сведок за „27 април“: Вељаноски можеше да го спречи инцидентот

by Fokus

Поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски можел да го спречи упадот во Собранието на 27 април. Ако побарал, службите веднаш ќе го исклучеле микрофонот на собраниската говорница и нема да можело да се пее македонската и албанската химна која доведе до ескалација на настаните и упад во објектот.

Ова денеска на судењето за нарачателите на крвавиот упад во Собранието го кажа вработен во овој објект задолжен за системот за гласање и мониторинг, Сашко Коцевски.

Тој се потсети дека пред пеењето на химните, тогашниот координатор на СДСМ, Оливер Спасовски, барал промена на дневиот ред и процедурално да се обрати од говорницата, но бил одбиен од Вељаноски. По него, збор побарале пратениците Илија Димовски, Џевад Адеми и Зекирија Ибрахими. Коцевски во судот забележа дека иако Ибрахими не бил претседател или заменик на пратеничка група, сепак, тој прв добил право на збор.

Сведокот во судот тврдеше дека ВМРО ДПМНЕ ги организирале протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

„Добивавме пораки од општински комитет, тие ги праќаа до претседателите на месните комитети и потоа до сите членови. Збирно место беше 17 часот, Влада на Република Македонија. Јас активно присуствував на протестите од самиот почеток, од крајот на февруари. Бев на дваесетина протести до 20 март 2017 година, прекинав да одам на тие протести, од причина што работните ангажмани не ми дозволуваа“, рекол Коцевски.

Поврзани новости