Сведок во Тврдина 2: Грујевски лично ми се јави да дојдам на палењето на документацијата

by Fokus

На денешното судско рочиште за Тврдина 2 на првиот сведок не му беше дозволено да сведочи бидејќи е во роднинска врска со една од обвинетите.

Додека, пак вториот сведок тврдеше дека Горан Грујевски лично му се јавил на денот кога било закажно уништувањето на документацијата за да присуствува на чинот.

Третиот сведок пак бил на местото каде што се уништувала документацијата и не само што учествувале во палењето на материјалот, туку и претходно го транспортирал.

„Беше обичен ден, па откако ги завршив активностите околу 10 часот ми се јави еден од двајцата началници, за кој не сум сигурен точно кој беше и ми рече да земам две возила и да чекам пред МВР. Отидовме со еден колега и тогаш од зградата излезе некој, на кого на чиј идентитет не можам точно да се сетам и ми кажа дека треба да се извадат неколку црни ќеси и да се товарат во возилата бидејќи се за ништење. Ги товаривме во возилата и ги однесовме во Петровец. Со нас се качија уште два тројца колеги, но не ми текнува точно кои беа. Во Петровец не чекаше еден од началниците. Просторот каде што требаше да се запали материјалот беше спремен, а беа пристуни сите колешки, кои денеска се во судница, по што го запаливме материјалот – рече сведокот, кој додаде дека најмногу работел бидејќи го истоварал и го заплил материјало заедно со началникот.

На прашање на адвокатот на одбраната Љупчо Шврговски на кој начин било уредено местото каде што требало да се ништи материјалот, сведокот појасни:

„Просторот беше ограден со камења околу три метри дијаметар, а мислам дека во близина имаше апарати за гасење пожар – истакна сведокот.

На прашањето дали првпат учествувал на ништење документација од УБК, тој појасни дека ова му било вторпат, но се разликувало од првото негово искуство.

– Вторпат учествувам во ништење на материјали, но постапката не беше иста. Првиот пат се уништуваа ситни белешки од колегите, кои се создаваат пред нивните секојдневни активности, како и фотографии кои не смее да се фрлаат во корпа, туку мора да се запалат. Овој пат се беше во црни ќеси и затоа не знаев што точно палиме – појасни сведокот.

Судењето за Тврдина 2 трае се уште, но во моментот јавноста е исклучена поради презентирање на доверливи докази.

В.В.

Поврзани новости