Сведок во „Тортура“ се предомисли, едно зборувал во истрага, друго во судница

by fokus

Игно Стојков, кој во моментот кога бил апсен Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, бил главен инспектор во единицата „АЛФИ”, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Тортура“.

Тој рече дека видел само дел од апсењето, односно дека Бошкоски мафтал со рацете, по што бил легнат и му биле ставени лисици.

На прашањето на обвинителот Љубомир Лапе дали исто вака сведочел во обвинителството, сведокот истакна дека не се сеќава бидејќи таму бил држан од 13 до 20 часот.

Тогаш обвинителот рече дека нема повеќе прашања, бидејќи беше очигледно дека сведокот едно зборубавал во обвинителството, а сега зборува друго. Тога, судијката почна да го испрашува, по што сведокот рече дека бил семеен пријател со Бошкоски, и сведочел кога му се судеше во Хаг. Тој повтори дека тоа  што сега го кажал го видел на 6 јуни 2011 година.

Поврзани новости