Сведок во процесот против Шиповиќ се онесвести во судница, а почина во болница

by Фокус 13:31
13:31

Присутните објаснуваат дека по краткото сведочење, сведокот се струполил на подот. Сите се обиделе да му помогнат, а набрзо со возило на Брза помош бил однесен во болница.

Лекарите истакнуваат дека пациентот пристигнал во критична состојба, а обидите за реанимација биле неуспешни. Од Кривичниот суд ја потврдија информацијата, посочувајќи дека на починатиот ќе му биде извршена обдукција за да се утврди причината за смртта.

Сведокот бил предложен од обвинителството, а во Машинопромет работел како магационер.

- Advertising -

Поврзани новости