Сведок од собраниското обезбедување: Ги видов Василески и Мукоски како ги отвораат вратите, Мукоски не ми дозволи да ги вратам гредите

by fokus

Членот на собраниското обезбедување, Владимир Стојков вечерва сведочеше за настаните од 27 април и рече дека ги видел пратениците Мукоски и Василески како ги тргаат гредите поставени на собраниските врати/

-Тој ден бев задолжен за движењето на претседателот Трајко Вељаноски и претставниците на Владата. Кога заврши седницата Вељаноски ни рече никого да не пуштаме во кабинетот. По извесно време началникот Јанковиќ ни даде насоки доколку дојде до поголема гужва да го евакуираме кабинетот. Во еден момент кога слегувавме долу ги забележав пратениците Сашо Василески и Крсто Мукоски како на 27 април ги забележав пратениците Крсто Мукоски како ги вадат гредите од средната врата на главниот влез во Собранието. Му реков на Мукоски дали знае што прават, што може да се случи тој ми одговори дека тоа не е моја работа. Успеав да вратам една од гредите а другата, Мукоски ја фати од едната страна и не ми дозволи да ја вратам на место”, сведочеше Стојков.

Поврзани новости