806
На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо, сведочеше девојка која истакна дека осомничените Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска и признале дека извршиле убиство.
Сведокот, Анета Георгиева, појасни дека осомничените во декември 2018 година, дошле кај неа дома во 6 часот наутро.
-Фуркан ми рече дека убиле човек, а кога ја погледнав Ангела таа рече „да“, сведочеше девојката, по што додаде дека двајцата гости ја смениле темата. Таа додаде и дека Ангела и Фуркан, кои биле дечко и девојка, воопшто не делувале вознемирено.
Дваесет и шестгодишниот Пино беше убиен на 11 декември минатата година.